Шакира и Пике пред да се разделат биле во отворена врска, открива шпански телевизиски водител

Шакира и Пике последните денови од нивната врска биле во отворена врска, открива шпански телевизиски водител. Поранешната двојка стави крај на 11-годишната врска минатиот јуни, не долго откако 36-годишниот поранешен фудбалер на Барселона беше обвинет за изневерување на 46-годишната пејачка. Пике, кој оттогаш започна нова врска со моделот Клара Чиа Марти, подоцна ги негираше тврдењата за афера, инсистирајќи дека нема неверство од негова страна.

Шпанскиот телевизиски водител Хозе Антонио Авилес тврди дека поранешната двојка била во отворена врска три години пред да раскинат.

„Ти прави што сакаш, и јас што сакам. Пред медиумите се уште сме двојка“, вака Авилес го опиша нивниот наводен договор, пишува Дејли Мејл.

Се верува дека тврдењата за отворена врска доаѓаат од блискиот круг на пријатели и семејството на Пике, а многумина се изненадени од спомнувањето на неговата поранешна партнерка. Во меѓувреме, Шакира се пресели во Мајами откако и беше доделено целосно старателство над нивните две деца, синовите Милан и Саша, и оттогаш наводно е во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон.

Во јуни минатата година, колумбиската пејачка на Инстаграм потврди дека повеќе не е со Пике. Шпанските таблоиди тврдеа дека парот е на работ на раскинување, а различни извори тврдеа дека Пике ја изневерува ѕвездата.

„Жалиме што мораме да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето“, напиша тогаш Шакира.

Шпанскиот весник „Ел Периодико“ објави дека парот живеел одвоено со недели откако поп-ѕвездата го избркала Пике од семејната куќа.

Scroll to Top