Шакира има нов дечко со кој се гледа четири месеци, тврдат шпанските медиуми

Шакира има нов дечко откако се раздели од нејзиниот партнер, поранешниот фудбалер Жерар Пике, пишуваат шпанските медиуми.

Медиуми му влегоа во трага на човекот со кој таа наводно е во љубовна врска, а се запознале во Мајами пред таа да објави одмаздничка песна со аргентинскиот диџеј Бизарап.

Преселбата на Шакира шпанските медиуми освен со разделбата од Пике ја поврзуваат и со нејзиниот нов дечко.

Медиумите тврдат дека не се работи за обновена врска со нејзиниот поранешен, Антонио де ла Руа, син на поранешниот аргентински претседател Фернандо де ла Руа, туку за нов маж со кој се гледа четири месеци, а го запознала во Мајами. Веста дека пејачката е повторно заљубена ја објави порталот OkDiario. Тие тврдат дека тие се запознале неколку месеци пред таа да напише одмаздничка песна за бившиот партнер.

Се верува дека Шакира не сакала да открива детали  пред да се договори со адвокатите на поранешниот дефанзивец на „Барселона“ за договорот за старателство над нивните два сина Милан и Саша. Жерар Пике на почетокот не сакал момчињата да живеат во Америка, но по 12-часовниот маратон со нејзините адвокати, морал да попушти. Се договориле момчињата да ги поминат празниците со татко им, а тој да ги посетува во Америка кога сака.

Кога тоа се реши, Шакира објави песна со аргентинскиот диџеј Бизарапо во која пее за поранешниот партнер и неговата девојка, 23-годишната студентка Клара Чиа.

Во меѓувреме, Жерар Пике се огласи во интервју за шпанскиот весник Ел Паис. Тој рекол дека е многу среќен по неговото драматично разделување со поп-ѕвездата и неговото повлекување од фудбалот. Тој не зборувал за тоа кога ја започнал врската со Клара Чиа и дали се гледале зад грбот на Шакира. Само рекол дека ги штити децата.

„Секој родител има одговорност да се обиде да го направи најдоброто за своите деца. Тоа го прават сите родители. На тоа сум фокусиран и тоа е мојата работа како татко“, рекол фудбалерот.

Додека тој е фокусиран на децата, Шакира се посвети на грижата за нејзините постари родители, тато Вилијам Мубарак и мама Нидија Рипол.

Scroll to Top