Шакира ќе пее на отворањето на СП во Катар

Колумбиската пејачка Шакира ќе пее на отворањето на Светското првенство во Катар, заедно со хип-хоп групата „Блек ајд пиз“ и корејскиот бенд „БТС“. Ова ќе биде четвртиот настап за Шакира на еден Мундијал.

Таа беше дел и од СП во Германија 2006 година кога ги пееше хитовите Hips Don’t Lie и Bamboo заедно со Вајклиф Жан. Таа настапи во 2010 година на СП во Јужна Африка кога ја отпеа песната Waka Waka, а на церемонијата на затворањето на СП во 2014 ја пееше La la la la lа.

Пејачката зад себе има бурна година. По 12 години се раздели со фудбалерот Жерар Пике и пред неколку дена го доби старателството над децата. Издаде и две нови песни, Monotonia и Te felicito, кои за кратко време станаа хитови.

Scroll to Top