Шакира направи хаос на интернет со интимни фотографии со згоден актер

Шакира го полуде интернетот со нови фотографии. Колумбиската пејачка позираше интимно со Лусиен Лависконт, ѕвездата на серијата Емили во Париз. Странските медиуми пишуваат дека згодниот британски актер ќе биде главна ѕвезда на спотот за нејзината нова песна Punteria.

Шакира позираше во прегратките на Лусиен облечена во розов фустан, а косата ја обои розова. Лависконт беше без кошула и позираше само во бели шорцеви. Сликите предизвикаа хаос на мрежите. „Заменив Твинго за Ферари“, се шегуваат обожавателите.

Медиумите потсетуваат дека Шакира по седум години го издава новиот албум Las Mujeres Ya No Lloran кој ќе излезе на 22 март. Новиот албум вклучува 16 песни – осум нови, плус ремикс и седум претходно објавени хит синглови кои веќе имаат вкупно 3,7 милијарди пуштања на Spotify.

„Создавањето на овој албум беше алхемиски процес. Пишувајќи ја секоја песна се обновував. Додека ги пеев, моите солзи се претворија во дијаманти, а мојата ранливост во сила“, изјави Шакира за албумот.

Scroll to Top