Шакира: Пике ме изневеруваше додека татко ми беше на интезивна нега

За неверството на поранешниот фудбалер на Барселона, Пике, Шакира дознала додека нејзиниот татко бил на интезивна нега.

„Тој дојде во Барселона да ме утеши откако бев обземена од тага поради раскинувањето“, изјавила Шакира, за нејзиниот татко Вилијам Мебарак Чадид за „Пипл ен Еспанол“.

Шакира објаснила дека Чадид бил тешко повреден при пад за време на првата причест на нејзиниот син Милан.

„Сè се случи одеднаш. Домот ми се распаѓаше. Преку медиумите дознав дека ме изневерувал додека татко ми бил на интензивна нега“, раскажала Шакира.

Пејачката не можела да оди кај својот татко, кого го сметала за најдобар пријател, за советите што ѝ биле толку потребни во тоа време.

„Човекот што најмногу го сакав во животот, татко ми, ме остави кога најмногу ми требаше“, раскажала таа.

Сега кога Чадид е на опоравување, пејачата ја пофалила неговата храброст – како и неговиот долгогодишен брак со нејзината мајка Нидија Рипол Торадо.

„И двајцата беа одраз на тој сон кој не ми се оствари. Но, се надевам дека тие се пример за моите деца“, рекла Шакира и ги споменала синовите Милан и Саша.

Добитничката на Греми роди момчиња во 2013, односно 2015 година. Таа и 36-годишниот спортист заедно се грижат за децата откако објавија дека се разделуваат во јуни 2022 година, поради гласините дека Пике ја изневерил со Клара Чиа.

Scroll to Top