Шанаја Твејн му го честиташе роденденот на Бред Пит

Канадската пејачка Шанаја Твејн му го честиташе 57. роденден на Бред Пит. Таа на „Твитер“ напиша: „Среќен роденден Бред Пит, денес ќе направам исклучок“.

Шанаја се осврна на нејзиниот хит од 1997 година, That Don’t Impress Me Much, во кој го споменува холивудскиот глумец. „Ок. Ти си Бред Пит? Тоа не ме имресионира“, пееше Твејн пред три децении мислејќи на добриот изглед на глумецот.

Шанаја објаснила зошто го одбрала токму Бред за оваа песна. Таа вели дека била инспирирана од купот фотографии кои ги видела од него и неговата поранешна партнерка Гвинет Палтроу во еден магазин.

„Си помислив дека тоа е грозен напад на нивната приватност и едноставно ги погледнав работите од поинаков агол. Тој е прекрасен, без разлика дали е облечен или гол“, изјавила пејачката, шегувајќи се дека не е импресионирана од тоа што сè уште го нема запознаено актерот.

Scroll to Top