Карл Лагерфелд ги однесе манекенките и публиката на плажа, во „Гранд Пале“ на Елисејските Полиња, во рамките на Модната недела во Париз.
На ревијата на висока мода во првиот ред седеа активистката и актерка Памела Андерсон и поп-ѕвездата Фарел Вилијамс, а „Шанел“ повторно приреди модна бајка, која ќе се носи и на улица и на гала-настани.
Веќе е традиција Лагерфелд да прави спектакли на Модната недела. Претходно локациите беа аеродром, самопослуга…