Шарлиз Терон сака да глуми во лезбиска верзија на „Умри машки“

Глумицата Шарлиз Терон сака да игра во лезбиска верзија на филмот „Умри машки“. Таа на „Твитер“ им одговори на фановите дека тоа би можел да биде нејзиниот нов филм.

Минатата година еден од нејзините фанови и напиша дека сака да ја види како глуми во „Умри машки“, во чија верзија Терон треба да ја спаси сопругата.

„Каде треба да потпишам?“, само кратко му одговори глумицата.

И во интервјуто за Vanity Fair, глумицата потврди дека тоа е одлична идеја и рече дека е подготвена да ја прифати оваа улога и дека само и недостасува студио кое би сакало да го сними овој филм.

„Секако дека би глумела. Затоа и одма му одговорив на „Твитер“. И тогаш, а и сега мислам дека тоа е сјајна идеја. Одма прашав каде треба да потпишам“, рече Шерон.

За потсетување, Шерон досега има играно во неколку акциски филмови. The Old Huard, „Атомска русокоса“ и Mad Max: Fury Road. Филмските критичари велат дека одлично би се снашла и во женската верзија на култниот Џон Меклејн, но, засега нема конкретни договори.

Во меѓувреме глумицата ја офарба косата и од русокоса стана црна. Новиот имиџ го промени за улогата во филмот Old Guard 2.

Scroll to Top