Шефот на службата за јавно здравје во САД бара помош од Кајли Џенер

By

Шефот на службата за јавно здравје во САД Џером Адамс, ја повика Кајли Џенер да помогне во борбата со коронавирусот и да биде пример за младите останат во карантин.

Во екот на пандемијата на коронавирусот, луѓето се загрижени за своето здравје, а иако лекарите и налдежните институции ги повикуваат луѓето да се чуваат себе и своите блиски, младите во голем број тоа не го почитуваат.

На нив изолацијата и дистанцата од друштвото е нешто кое што тешко им паѓа. Тоа го забележал и шефот на службата за јавно здравје во САД, Џером Адамс, кој во емисијата „Добро утро Америка“, ги повика сите инфлуенсери, а особено Кајли Џенер да помогнат да ги запознаат младите за сериозноста од ситуацијата.

Кајли во моментов на својот „Инстаграм“ профил има 166 милиони обожаватели и преку него може да ја подигне свеста на едно повисоко ниво.

„Особено е тешко со деца од 14 и 15 години. Што да им кажам, тие не се придржуваат до тоа“, изјавил Џером.

Тој додаде дека младите генерации го игнорираат карантинот, а не се свесни дека и на нив им се заканува опасност од зараза на коронавирус кој може да се пренесе и на оние најранливите.

 

Ќе ви се допадне