Шенен Доерти се разведува по 11 години брак, сопругот ја изневерувал со друга

Ѕвездата на „Беверли Хилс, 90210“, Шенен Доерти (52) поднесе барање за развод од Курт Исвариенко. Барањето го поднела во петокот, а нивниот брак завршил по 11 години.

Разводот го потврди нејзината претставничка Лесли Слоун за USA Today.

„Разводот е последното нешто што го посакуваше Шенен. За жал, таа чувствуваше дека нема други опции. Можете да контактирате со агентот на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вклучена во ова, накратко рече таа, со што сугерираше дека причината за разводот е друга жена.

 

Во петокот, Шанен објави фотографија на Инстаграм на која пишува:

– Единствените луѓе кои заслужуваат да бидат во вашиот живот се оние кои ве третираат со љубов, добрина и целосна почит.

Според TMZ, Шанен и Курт се разделени од јануари, а како што кажуваат извори, актерката поминува низ многу тежок период. Здравјето и е полошо, а не и помогна ниту разводот. Патем, на Доерти и беше дијагностициран рак на дојка во четврта фаза во 2020 година. Таа еднаш изјави за списанието People дека поради ракот, и го зацврстил бракот “Ракот не направи посилни“, изјави тогаш таа .

Scroll to Top