Шенон Доерти остро ги критикуваше теоретичарите на заговор кои деновиве имаа многу да кажат за Кејт Мидлтон и нејзиното исчезнување од очите на јавноста.
Ѕвездата од Беверли Хилс, која и самата се бори со ракот, и изрази поддршка на принцезата. „Да се биде јавна личност не значи дека јавноста ја поседува таа личност. Сите имаме право да поминеме низ болест или живот приватно“, започна Шенен.
„Нападот на теории на заговор и морбидна љубопитност ја натераа оваа личност да излезе пред да се помири со тоа и да им објасни на своите деца“, продолжи таа.
„Се молам дека ова е момент од кој ќе научиме да ја почитуваме приватноста на другите, без разлика дали се јавни личности“, додаде актерката, а потоа и испратила порака на принцезата.
„И, Кејт, се восхитувам на твојата сила да ги издржиш бескрајните напади додека проаѓаш низ болеста“, вели актерката, која неодамна изјави дека резултатите од нејзиниот третман за рак и дале надеж за иднината.