Шенон Доерти повторно на операција

Една година откако објави дека ракот на дојка е во ремисија, актерката Шенон Доерти повторно ќе оди на операција. Популарната Бренда две години се бореше со болеста. Таа со своите следбеници на социјалните мрежи постојано споделуваше фотографии и видеа од хемотерапијата и зрачењето, но и по мастектомијата, кога лекарите ѝ ја отстранија дојката. Така и овојпат преку социјалните мрежи откри дека мора да оди на нова операција, но не открила за што точно станува збор.

„Лекарот ми зема крв и само ја складиравме за претстојната операција. Беше стрплив со мене, дури не ги ни преврте очите на мојата анксиозност во моментот кога ја видов големината на иглата“, напишала таа на својот инстаграм-профил.

Шенон напишала и дека се чудела колку добри луѓе често доаѓаат да донираат крв за да им помогнат на луѓето во неволја.

„Лекарот ми раскажа дека двајца луѓе доаѓаат на секои две недели да донираат тромбоцити, процедура што трае два часа! Една девојка доаѓа толку често колку што ѝ е дозволено да дава крв“, додала Шенон.

Scroll to Top