Шер ќе произведува свој брендиран сладолед „Шерлато“

Легендарната поп пејачка Шер стана претприемач и одлучи да произведува сладолед. Таа брендот го нарече „Шерлато“, а сладоледот ќе го продава од камион кој ќе вози низ улиците на Лос Анџелес.

Таа веста ја сподели на своите социјални мрежи.

„Да, тоа е вистина. Сама си направив сладолед. Лос Анџелес, внимавајте“, објави пејачката и објасни дека на оваа идеја почнала да работи пред пет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cher (@cher)

Таа објави фотографија од шарено комбе украсено со нејзиниот лик. Објавата им се допадна на над сто илјади верни следбеници и веднаш почнаа да го смислуваат името на вкусот.

Да потсетиме, пејачката неодамна се најде на насловните страници кога на црвениот тепих се појави со своето момче, продуцентот Александар Едвардс (37), кој е 40 години помлад од неа.

Scroll to Top