Шер за 40 години помладиот дечко, уживаме во сексот како тинејџери

Шер на „Твитер“ се пофали со 40 години помладиот партнер Едвардс и објави разголена фотографија на која е без маица. Рече дека иако на многумина им изгледа чудно, двајцата се заљубени и се чувствуваат како тинејџери. Објасни дека љубовта не знае за годините.

„Може на другите им изгледа чудна разликата во години. Понекогаш и на мене ми е чудно, но љубовта не познава математика“, рече Шер и додаде дека Едвард е љубезен, паметен, смешен и дека водат љубов како тинејџери. Со Едвардс, се во врска речиси два месеци, а се запознаа на Модната недела во Париз.

За потсетување, пејачката и продуцентот претходно беа видени во ресторанот „Крегс“ во Западен Холивуд. Двајцата цело време се држеа за раце, а по вечерата се упатија кон ноќниот клуб Nice Guy. Продуцентот Александар е помлад и од нејзините синови Чаз Боно и Илија Блу Алман.

Scroll to Top