Шерон Стоун: Го изгубив старателството над синот поради сцена од филмот „Ниски страсти“

Актерката Шерон Стоун вели дека го изгубила старателството над синот поради сцена од филмот „Ниски страсти“. Глумицата во подкастот One Table for Two, зборуваше за тоа колку улогата и го променила животот и објасни дека изгубила во случајот со нејзиниот развод од 2004 година заради предрасудите на судијата.

Судијата го прашал тогаш нејзиниот 4-годишен син дали знае дека неговата мајка снима филмови за секс, алудирајќи на филмот „Ниска страст“ од 1992 година.

Таа рече дека филмот на Пол Верховен бил оружје против неа во битката за старателство на нејзиниот син Роан, кој го посвоила во 2000 година со нејзиниот тогашен сопруг Фил Бронштајн.

„Го изгубив старателството над моето дете“, рече Стоун која се се присети на познатата сцена со сослушување со скрстени нозе.

„Луѓето деновиве се шетаат голи на телевизија, а вие видовте една шеснаесетина од секундата од мојата можна голотија и поради тоа го изгубив старателството над моето дете“ додаде глумицата.

Нејзиниот син сега има 22 години, но актерката се сеќава како тогаш го добила правото да го посетува и како одлуката на судијата го загрозила нејзиното здравје. Подоцна истата година била примена во болница поради проблеми со срцето.

„Тоа буквално ми го скрши срцето“, изјави Стоун и додаде дека била особено вознемирена на церемонијата на „Златните глобуси“ во 1993 година, кога нејзиното име било меѓу номинираните а нејзините колеги актери и се смееле.

„Беше страшно. Бев толку пониженa. Дали некој има идеја колку беше тешко да се игра таа улога? Колку е болно, колку е страшно да се снима тој филм кој ги проби сите граници и против кој сите протестираа? И целиот тој притисок. Девет месеци бев на аудиција за улогата. Со уште 13 актерки. Единствено што сакав во тие моменти беше да се сокријам во некоја дупка, да ме нема“, рече Стоун.

Scroll to Top