Шерон Стоун: Никогаш не одете во кревет со некој што има повеќе проблеми од вас

Шерон Стоун на 64 година воодушевува со изгледот и со своите изјави. Неодамна  во интервју зборуваше за себе. Вели:

„Навистина убава жена е секогаш љубезна кон другите жени и воопшто кон мажите. Таа не прифаќа ривалство, интриги и злоба. Пластичната хирургија не е мој избор, но не ги обвинувам жените кои го сакаат тоа.  Ако тоа ве прави среќни – зошто да не? Понатаму вели :

„Во Калифорнија, 400.000 насликани русокоси живеат со исти носев, огромни усни, импланти во устата и снежно бели заби. А,  кому му е гајле за ова? Ниту најскапата козметика и најскапата фризура не можат да ја направат жената убава. Најпаметните, најинтересните жени се оние чии животи се подеми и падови. Ава Гарднер беше најубавата жена на светот. Зошто? Никогаш не облекуваше ништо на себе. Изгледаше како жена и никогаш не се обидуваше да изгледа како девојче“, вели Соун.

“Никогаш не прашав дали сум убава или не. Но знам еден магичен трик: способноста да се создаде илузија на привлечност. Кога жената влегува во соба, присутните не реагираат на нејзината убавина, туку на силата и енергијата што доаѓа од неа“.

И уште неколку мисли од жената која играше во „Сурови страсти“ и стана секс симбол:

„Жените можеби глумат оргазам, но мажите глумат врски. И  никогаш не оди во кревет со некој кој има повеќе проблеми од тебе“.

 

Scroll to Top