Шерон Стоун откри дека има тумор и испрати порака до жените: Побарајте второ мислење

Актерката Шерон Стоун откри дека има тумор кој треба да се отстрани. Таа на Твитер споделила објава во која детално го опишала своето одење во болница, кое вклучувало грешка при операција и погрешна дијагноза.

„Штотуку имав уште една погрешна дијагноза и неточна процедура“, напишала таа, а потоа открила дека има тумор.

„Овој пат двојна епидурална. Со влошувањето на болката отидов на второ мислење: имам голем фиброиден тумор кој мора да се извади“, напишала Шерон.

Актерката потоа испратила важна порака:

„Особено за дамите: не правете се дека не е важно, побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. За целосно да закрепнам ќе ми требаат четири до шест недели. Ви благодарам на сите за грижата. Сè е добро“, напишала актерката.

Scroll to Top