Шерон Стоун за 65 роденден ги изненади фановите со зголемените усни

Холивудската актерка Шерон Стоун за својот 65 роденден се пошегува се пошегува со своите фанови, објавувајќи дека направила пластична операција со кој нејзините усни изгледаат поголеми.

„Го направив тоа. Конечно. Отидов во Холивуд за мојот роденден. Понекогаш го добивате токму она што го сакате”, им рече Шерон објавувајќи фотографија од нејзините усни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Сепак прв за шегата откри „Индипендент“ кој напиша дека се работи за Wax Lips бонбона со вкус на цреша, која ги прави усните да изгледаат црвени и многу поголеми.

„Изгледа сосема природно. Па едвај се гледа разликата. Убаво направено“, се пошегуваа фановите.

За потсетување, глумицата и претходно често зборуваше за својот изглед и користењето ботокс и дека престанала да користи откако доживеала мозочен удар.

„Имаше периоди на слава кога ставав ботокс, филери и слично, а потоа доживеав голем мозочен удар и деветдневно крваење во мозокот и морав да имам повеќе од 300 инјекции ботокс и филери со цел да се врати едната страна од лицето“ рече Шерон минатиот септември за „Вог Арабија“.

Scroll to Top