Шерцингер и „Пусикет долс“ повторно се враќаат на сцена

По една деценија една од најпопуларните женски групи „Пусикет долс“ повторно се враќаат на сцената. Фронтменката Никол Шерцингер потврди за „Метро“ дека фановите повторно ќе имаат можност да ги слушаат нивните песни.

„Возбудена сум. Повторно ќе светиме заедно“, кратко коментирала Шерцингер.

Групата се распадна во 2010 година поради недоразбирањата меѓу членките. Сега сите велат дека проблемите се зад нив. Никол призна и дека еден од проблемите за разделбата е нејзиното нарушување во исхраната – булимијата.

Сега вели дека сè е во ред и заедно со нејзините колешки за неколку месеци планираат голема светска турнеја.

 

 

Scroll to Top