Шинејд О’Конор по смртта на син ѝ заврши во болница, пејачката рече дека е изгубена без него

Ирската пејачка Шинејд О’Конор заврши во болница само неколку дена по трагичната смрт на нејзиниот 17 годишен син. Пејачката потврди дека итно била пренесена во болница затоа што се чувствувала изгубена без него.

„Жал ми е, може не требаше да кажам. Сега сум заедно со полицајците кои ме носат во болница. Жал ми е што ве вознемирив сите. Изгубена сум без моето дете и се мразам себе си. Во болница ќе поминам некое време. Но, ќе го пронајдам Шејн“, рече О’Конор.

За потсетување, нејзиниот син трагично почина откако излегол од болница во Даблин. Полицијата некое време трагаше по него, за на крај да го пронајде неговото тело во Бреј во Виклоу. Веста подоцна ја потврди и О’Конор на „Твитер“.

„Мојот прекрасен син, светлото на мојот живот. Сега си со Бога. Нека почива во мир. Душко моја. Многу те сакам“, рече „О’Конор.

Шинејд О’Конор објави дека починал 17-годишниот син: Мојот убав син, реши да стави крај на својата земна борба

Scroll to Top