Пејачката Шинид О’Конор откри дека ја сменила верата и дека преминала во Ислам. На објави фотографија со хиџаб и напиша дека го сменила и името, па отсега ќе се вика Шухада Давит.
„Гордо објавувам дека станав муслиманка. Ова е природен заклучок на кое било интелигентно теолошко патување. Сите проучувања на светите книги водат кон Исламот и тоа ги прави другите свети книги излишни. Ќе имам и ново име. Ќе се викам Шухада“, напиша таа на „Твитер“.
Пејачката уште одамна ја критикува католичката црква. Таа во 1992 година во емисијата „Сатрдеј најт лајв“ искина слики од папата Јован Павле Втори, а неколку години подоцна го критикуваше папата Бенедикт оти криел случаи за сексуална злоупотреба на деца.
Лани Шинид доживеа нервен слом и призна дека сакала да се самоубие.