Поранешната спајс-девојка Мел Би ја објави автобиографијата, која според многумина содржи досега непознати детали од нејзиниот приватен живот. Книгата е насловена „Брутално искрена”, а во неа таа раскажува дека се обидела да се убие во 2014 година.
Тогаш животот ѝ бил далеку од гламур и сјај, па еден ден решила да испие 200 таблети. А тоа ѝ бил втор обид за самоубиство. За тоа го обвинува својот поранешен сопруг Стивен Белафонте, кој, како што таа вели, со години ја злоупотребувал.
Мел Би била и зависничка од кокаин, а во тој пекол завршила сакајќи да се оттргне од депресијата.
„Додека бев во жирито на ‘Америка има талент’ на секоја пауза излегував од студиото и шмркав кокаин“, пишува Мел, признавајќи дека дрогата е поопасна од депресијата.
По разводот, почнала да оди на пластични операции, па и на „подмладување на вагината“.
Во бракот со Белафонте таа сакала и секс во тројка, а тој да снима. Честопати во таа игра таа повикувала и славни личности, при што Рита Ора, на пример, ја одбила.
Брачната двојка се разведе во декември 2017 година.