Холивудскиот актер Шон Пен (60) неодамна гостуваше во емисијата Late Night With Seth Meyers каде зборуваше за неговиот нов филм „Ден на знамето“. Тој побара во кино салите да го гледаат само оние кои се вакцинирани против ковид-19.
„Навистина сакам да одат само луѓе кои се вакцинирани и безбедни самите за себе и едни за други. Филмот ќе се стрима, но повеќето луѓе кои не се вакцинирани веројатно не ги интересираат моите филмови“, изјави тој.
За потсетување, актерот го напушти снимањето на „Гаслит“ бидејќи дел од техничкиот персонал што работеше на серијата не беше вакциниран. Со оваа постапка, тој сакаше да ги охраби луѓето во Холивуд, но и во САД, да се вакцинираат. Оваа одлуката актерот ја донел кога почнаа да се зголемуваат бројките на заразени и да се влошува состојбата со коронавирусот во Лос Анџелес.
Само лани тој им помогна на 1,3 милиони луѓе со ниски примања, бесплатно да се тестираат за корнавирус.
Шон Пен го напушти снимањето на новата серија бидејќи не се сите вакцинирани