Шон Пен го напушти снимањето на новата серија бидејќи не се сите вакцинирани

Холивудскиот глумец Шон Пен го напушти снимањето на „Гаслит“ бидејќи дел од техничкиот персонал што работи на серијата не е вакциниран. Тој рекол дека ќе се врати на сетот само ако сите, од актери до помошни работници, бидат вакцинирани и се понудил бесплатно да ги вакцинира преку својата организација CORE, јавува „О’Крадио“.

Со ова Пен (60) сака да ги охраби луѓето во Холивуд, но и во САД, да се вакцинираат. Оваа одлуката актерот ја донел кога почнаа да се зголемуваат бројките на заразени и да се влошува состојбата со коронавирусот во Лос Анџелес.

Инаку, „Гаслит“ е серија што се занимава со познатата афера на прислушување „Вотергејт“ од 70-тите години на 20 век. Главната женска улога ќе ја толкува Џулија Робертс.

Scroll to Top