Шон Пен се бакнува со 20 години помладата девојка среде Рим

Актерот Шон Пен е на одмор во Италија со својата девојка, 20 години помладата актерка Олга Короткова. Папараците ги фотографираа додека се шетаа низ Рим. Беа на шопин во некои од луксузните продавници за накит.

Шон носеше фармерки и црна, памучна маичка и спортска капа, додека Олга фармерки, бела атлетска кошула, црн кожен ремен и црна чанта. За потсетување, парот за прв пат беше виден заедно минатата недела на романтична вечера во Малибу.

Олга е актерка и е најпозната по улогите во филмовите Le bonheur од 2013 година, Banking District од 2017 година и Blast од 2021 година. За потсетување Шон минатата година се разведе од 32-годишната Лејла Џорџ, која е само неколку месеци постара од неговата ќерка Дилан.

Двојката беше заедно од 2016 година, а раскинаа во 2020 година. Не издржаа долго во брак. Пен еднаш призна дека тој е виновен за разводот.

 

Scroll to Top