Шпанска оперска пејачка го обвини Пасидо Доминго за сексуално вознемирување

Оперската ѕвезда Пласидо Доминго се соочува со нови обвинувања за сексуално вознемирување. Последно во низата обвиненија стигна од шпанска колешка, која во телевизиска прогама која се емитуваше во неделата рече дека ја допирал и бакнувал без нејзина дозвола.

Последен пат со слични вакви обвинувања Доминго се соочи пред три години. Во рамки на истрагата од 2020 година, голем број пејачи, танчери, музичари, професори по музика, гардероберки и кројачки, сведочеа дека биле сексуално вознемирени од однесувањето на Доминго во изминатите 30 години.

Пејачот во ниту еден случај не призна вина. Најновите обвинувања ги изнесе негова колешка во програмата на шпанскиот телевизиски канал La Sexta. Нејзиниот идентитет не е откриен за да биде заштитена, а на телевизија се слушаше само нејзиниот глас, додека лицето ѝ беше замаглено.

Рече дека на почетокот на 21 век, Доминго по една од нивните проби, се обидел непримерно да ја допира, а во друг случај се обидел да ја бакне, иако јасно му дала до знаење и му се спротиставила.

„Една од првите работи што ти ја кажуваат во нашите кругови е да не влегуваш сама во лифт со Пласидо Доминго“, рече жената за La Sextu.

„Првиот пат почувствував непријатност за време на една од пробаите. Ми рече пред сите дека сака да ја стави раката во мојот џеб. Носев панталони со извезен заден џеб. Во истиот момент ми се слоши и не знаев што да му одговорам за да ја продолжиме пробата. Ако не му дозволев, ќе имаше последици врз мене, а ако кажам да, не ни сакав да помислам шт сè може да се случи“, рече жената.

Доминго поднесе оставка од функцијата генерален директор на операта во Лос Анџелес, откако внатрешна истрага покажа дека 10 од обвинувањата кои ги поднеле некои од жртвите за вознемирување се веродостојни. По тоа, на суд не е поведена кривична постапка против пејачот.

Во интервју за шпанскиот весник „Ел Мундо“ во јануари 2022 година, Доминго негираше дека некого вознемирувал и рече дека чувствува дека јавноста го осудила затоа што тој дотогаш се немал изјаснето.

Рече и дека истрагата на АГМА била нецелосна и според него, содржела само неколку конкретни факти.

Потоа се врати во Шпанија каде по речиси година ипол отсуство настапи на хуманитарен концерт во јуни, а во меѓувреме настапуваше и во други земји.

Scroll to Top