Шпанскиот селектор им дозволува на фудбалерите секс пред натпревар

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговараше на прашања на навивачите на Твитер за време на Светското првенство во Катар, а едно од нив беше се однесуваше на забраната на играчите да имаат секс пред натпревар.

“Смешно е да им се забрани на играчите да имаат секс пред натпревар. Тоа е сосема нормално. Оргии, ноќта пред натпреварот очигледно не се идеални”, напиша тој.

“Кога бев тренер во клубот, играчите беа дома ноќта пред натпреварот и тоа не ме загрижуваше. Тие го прават тоа затоа што сакаат и им треба. Повторувам, со здрав разум – секој со својот партнер. Кога јас играв, ако бев дома вечерта пред натпреварот со сопругата, го правевме тоа што требаше“, одговори Енрике.

Шпанија е во групата Е со Јапонија, Германија и Костарика. Групата Е во нокаут фазата се среќава со групата Ф во која се Хрватска, Белгија, Мароко и Канада. Шпанија во првиот натпревар ја победи Костарика со 7:0, додека во второто коло ќе игра против Германија.

Селекторот на шпанската репрезентација на социјалните мрежи е еден од најкоментарите. Посебно внимание привлече фотографијата објавена од Луис Енрике на која е без дрес.

52-годишен Луис ја соблече кошулата и ги завитка бермудите на катарските горештини и го крена палецот, оваа фотографија со голото тело на селекторот стана најкоментирана.

Да потсетиме, Луис кариерата ја започна во 1991 година, а траеше до 2004 година, настапи на повеќе од 500 официјални натпревари и постигна повеќе од 100 голови. Со репрезентацијата на Шпанија учествуваше на три светски и едно европско првенство.

Scroll to Top