Што ќе добие Георгина ако раскине со Роналдо: португалски весник откри детали од предбрачниот договор

Неодамна, светот беше изненаден од веста дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се сврши со својата долгогодишна девојка Георгина Родригез, со која има деца. И сега се „отвараат“ многу теми, а една од најинтересните е – предбрачниот договор, како и цената на вереничкиот прстен.

Сепак, иако љубовта меѓу нив изгледа како бајка, многумина се прашуваат „Што ако еден ден се распадне?“. Ниту Кристијано ниту Георгина не сакаат да размислуваат за тоа, но сепак мора да бидат подготвени, па затоа е составен предбрачен договор.

Што би делеле Кристијано и Георгина во случај на развод? Секако, фокусот во таков исход би бил најмногу на парите и поделбата на имотот, а за да се „спасат“ од макотрпни преговори и последователни расправии во такво непосакувано, но можно сценарио, двојката вклучи клаузули во предбрачниот договор во случај на развод.

И како што открива португалскиот весник ТВ Гуја, сè е протечено во јавноста! Имено, изворот наведува дека во случај на развод, на Георгина би ѝ била доделена доживотна сума од речиси 100.000 евра месечно! Покрај тоа, таа би добила и сопственост на вила во Мадрид, имот сместен на парцела од 4.000 квадратни метри, за која Роналдо платил цели пет милиони евра уште во 2010 година.

Станува збор за нереални бројки и ставки на договорот, кои, во споредба со приходите на Роналдо, изгледаат мизерно. Со оглед на тоа што Португалецот заработува околу 208 милиони евра годишно во Саудиска Арабија, делот што би го добила Георгина во случај на развод навистина изгледа како „ситница“.

фото: принтскрин

Scroll to Top