Голем дел од британската јавност се интересира што работат членовите на кралското семејство кога не се на работа. Кралицата Елизабета иако годинава наполни 93 години и понатаму е доста активна.
Таа е ранобудец и секој ден станува во 7 и 30 часот. Обожава да свири на гајда и потоа се посветува активно на службените должности и преокупации со документацијата.
Пасија ѝ е да пишува писма и да организира витешки собири. Потоа се посветува на состаноците со нејзиниот персонал, претставници од дипломатијата, црквата, судот и војската.
Таа е секогаш организирана и за секој кој ќе се сретне со неа може да одвои максимум 20 минути од своето време. Слободното време го користи и за прошетка со нејзините кучиња низ градините во палатата.
Вечерта ги разлистува извештаите кои ѝ се доставени од Парламентот, а денот среда исклучиво го користи за средба со британскиот премиер. Секогаш ужива да се слика.
Принцот Чарлс
За разлика од кралицата, малкумина знаат како принцот Чарлс го користи слободното време. Познато е само дека тој е на чело на 13 добротворни организации и дека е голем обожавател на хортикултурата. Има напишано две книги за екологијата. Обожава да слика акварели, а оние кои го познаваат велат дека е одличен менаџер на парите.
За принцот велат дека знае каде да ги потроши и во што да вложи, а по милиони фунти годишно одвојува за своите синови.
Принцот Вилијам
Внукот на кралицата Елизабета, принцот Вилијам нема премногу слободно време. Тој претежно е фокусиран на родителските и кралски обврски. Од малку времето за одмор кое го има, тој најмногу го користи за скијање.
Познато дека ја напуштил хонорарната работа во воздухопловната амбулантна служба „Ист Англијан“. Самиот има изјавено дека сериозно ја сфаќа својата должност и одговорност кон семејството и дека сака да ги воспита своите деца да станат добри луѓе.
Кејт Мидлтон
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ако воопшто може да се каже дека има слободно време, го користи на своите деца и сопруг. Како и нејзиниот сопруг Вилијам, Кејт има преземено многу кралски должности. Вели дека обожава да фотографира. Таа е доживотен почесен член во Кралското фотографско друшво, од каде изјавиле дека веднаш ги препознале нејзиниот талент и ентузијазам.
Своето слободно време го користи и за хумани цели. Пред две години со Вилијам и принцот Хари го основаа здружението за ментално здравје „Хедс тугедр“, кое има за цел да се бори против стигмите на ментално заболените.