Шварценегер и Сталоне се подготвија за Ноќта на вештерките

Холивудските актерски легенди, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне објавија заедничка фотографија на која позираат заедно, додека подготуваат тикви за Ноќта на вештерките.

„Среќна Ноќ на вештерките“, напишал Шварценегер.

„Јас и мојот пријател Арнолд поминуваме заедничко време во неговата неверојатна канцеларија резбајќи тикви со ножеви. Тоа е она што вистинските акциони момци го прават восвоето слободно време“, порача Сталоне.

Нивните легендарни филмски ликови се појавија заедно со филмовите „The Expendables“ и „Escape Plan“.

Scroll to Top