Шумските пожари кои продолжуваат да беснеат во Лос Анџелес инспирираа многу познати личности да го покажат својот хуманитарен дух. Некои од нив тоа го направија преку страницата GoFundMe, каде беше покрената кампања за собирање пари за луѓето погодени од пожарите.
Според TMZ, меѓу познатите кои донирале се Арнолд Шварценегер (10 илјади), Софија Вергара (20 илјади), музичарот Маршмело (45 илјади), Барбара Коркоран (50 илјади), Зак Брајан (15 илјади) и браќата Џонас (15 илјади). Гал Гадот, Тони Хок, Кристен Бел, Пинк, Шерил Кроу и Меган Трејнор донираа по 5.000 долари.
Заедно, тие собраа 190.000 долари, кои ќе бидат распределени на погодените семејства и непрофитни организации.