Австралиската пејачка Сиа (44) посвоила две момчиња во тинејџерските години. Таа ги изненади фановите кога неделава откри дека посвоила две 18-годишни момчиња минатата година.
„Тие имаат екстремно трауматични животи и јас имав услови да ги посвојам“, изјави таа во едно неодамнешно гостување.
„Овие момчиња живееле во 18 различни домови во нивните 18 години и никогаш немале стабилност. Сакам да им помогнам да се справат со нивната траума и да им ја обезбедам секоја терапија што е потребна за да се справат со нивните проблеми и тешкотиите со кои се соочиле“, вели пејачката.
Сиа вели дека посвојувањето е прекрасна работа и прави да се чувствувате неверојатно.