Сиена Милер: Поради мене, Чадвик се одрече од хонорарот

Глумицата Сиена Милер откри дека нејзиниот колега Чадвик Босман, се одрекол од дел од неговиот хонорар, за филмот 21 Bridges, само за таа да биде соодветно платена.

„Се работи за најневеројатната работа која ја доживеав во мојата кариера. Едноставно незамисливо е друг маж во Холивуд да се однесува така љубезно и со толкава почит“, изјавила Милер.

Милер откри дека Босеман не сакал да го земе целиот хонорар, за да таа може да добие онолку колку што побарала од продукцијата. Кога продукцијата не сакала да и исплати 33 милиони долари, тој донирал дел од сопствениот хонорар, за да и бидат исполнети финансиските услови.

Босман изјавил дека Милер во целост ги заслужува. Во моментот кога тој работел на 21 Bridges, глумецот кажал дека и Милер работела премногу со него, иако требало да се посвети на нејзината ќерка, која во тие моменти тргнала во основно школо.

Тогаш Милер им кажала на продуцентите, дека ако ја сакаат во филмот, ќе мора да се согласат на сумата на плата која таа ја побарала.

„Не знаев дали треба да ја раскажам оваа приказна или не. Досега ја немав кажано на никого, но мислам дека тоа е доказ за тоа, каков човек навистина беше тој“, изјавила Милер за интервју за Empire.

Таа додала дека Босман бил обожавател на нејзината работа и инсистирал таа да ја добие улогата. Милер вели дека заради тоа и било полесно и откри дека и таа сакала да работи со него.

Чадвик почина на крајот на минатиот месец на 44 годишна возраст, по долгата и тешка болест. Колегите беа шокирани од неговата прерана смрт.

 

Scroll to Top