Силвестер Сталоне го прослави 50. роденден на сопругата Џенифер

Силвестер Сталоне ја однесе сопругата Џенифер Флавин во луксузен ресторан на Беверли Хилс, каде што го прославија нејзиниот 50. роденден.

Џенифер, која била во друштво на своите ќерки, од гостите во ресторанот добила честитки, но ѝ пофални коментари дека знае и на 50 години успешно да го негува својот младешки лик.

Сталоне со својата сопруга се запознал во 1988 година, а во брак се од 1997 година. Заедно ги имаат трите ќерки Софи, Систин и Скарлет Роус.

Манекенскиот изглед трите девојки го имаат наследено од својата мајка, а на заедничките фотографии ретко кој ѝ ја забележува разликата во годините.

 

 

Scroll to Top