Силвестер Сталоне и Ричард Гир се степале за принцезата Дајана

Популарните актери Силвестер Сталоне и Ричард Гир се степале за поранешната принцеза Дајана, пишува британскиот музичар Елтон Џон во своите мемоари.

Џон бил еден од најблиските пријатели на Дајана, а колку ја сакал опишал во своите мемоари „Јас“, кој ги објавил неодамна. Тој во нив напишал досега непознати детали за Дајана, кои во јавноста предизвикаа лавина коментари.

 

View this post on Instagram

 

Miss you so much 😢❤️ #PrincessDiana @richardyoung110

A post shared by Elton John (@eltonjohn) on

Џон напишал дека Дајана имала многу поголемо влијание кај мажите, отколку што во јавноста се мислело. Елтон опишал настан штосе случил во 1994 година, за време на една забава во Лондон, кога двајцата славни актери Силвестер Сталоне и Ричард Гир се степале за неа.

„Ричард и Дајана беа воодушевени еден од друг. Во тој период Дајана беше разведена од Чарлс, додека Гир во тие моменти ја прекина врска со супермоделот Синди Крафорд“, пишува Џон.

„Додека разговаравме не можев, а да не ја забележам чудната атмосфера во просторијата. Судејќи според погледите, пријателството на Дајана и Гир му пречеше на Силвестер Сталоне, кој беше исто така воодушевен од принцезата. Дојде на забавата со намера да стапи во контакт со Лејди Ди и да ја заведе“, напишал Џон.

 

View this post on Instagram

 

Princess Diana▫️ #princessofwales #dianaspencer #ladydiana #princessdiana

A post shared by Lady Diana, Princess of Wales (@lady.diana._) on

Ситуацијата подоцна ескалирала, а за тоа сведочел и сопругот на Елтон Џон, Дејвид Фурниш. Пред вечерата Сталоне и Гир влегле во жесток конфликт. Дејвид морал да ги раздвојува за да не дојде до жестока физичка пресметка. По вечерата, Дајана седнала до Ричард, а кога Сталоне ја видел, се налутил и си заминал дома.

„Кога замина викаше дека никогаш не би дошол ако знаел дека принцот од бајките ќе биде тука“, напишал Џон.

 

Scroll to Top