Славната музичка ѕвезда Мајкл Џексон е исфрлена од „Симпсонови“, најпознатата анимирана серија на светот, по најновите обвинувања дека сексуално злоставувал деца.
Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година од преголема доза на лекови, а неофицијално ја носеше титулата на крал на поп музиката и имаше милиони обожаватели ширум светот.
Против него се водеа неколку судски постапки поради обвинувањата дека злоставувал деца кои доаѓале на неговиот ранч Neverlend во Калифорнија, но благодарение на вонсудските спогодби, Џексон успеал да избегне да биде прогласен за виновен.
Најновите обвинувања против Џексон, кој во кариерата продал повеќе од 350 милиони плочи, ги изнеле Вејд Робсон и Џими Сејфчак во документарецот Leavin Neverland, емитуван на HBO. Двајцата потврдиле дека Џексон сексуално ги злоставувал и ги терал да гледаат порно филмови и да мастурбираат.
Откако го изгледал овој документарец, Џејмс Л. Брукс, извршниот директор на „Симпсонови“, одлучил да го исфрли познатиот пејач од најдолговечниот анимиран филм.
Мајкл Џексон бил една од најважните фигура на 20 век. Соло кариерата ја започнал во 1971 година по дебито на професионална сцена во 1964 година како водечки и најмлад член на групата Џексон 5. Два пати бил вклучен во „Рокенрол куќата на славните“ и добил 15 Греми награди.
На крајот на седумдесетите години ја започнува неговата визуелна трансформација. Повеќе пат бил обвинет за сексуално злоставување на деца. Неговиот погреб го следеле милијарди луѓе ширум светот.
„Ова е една од најдобрите епизоди. Имаме многу спомени од нејзиното снимање, но последните настани не дозволуваат овие спомени да се сочуваат. Сега овој документарец изнесе докази за монструозното однесување. Јас сум против било какво палење на книги, но ова е наша книга и ние одлучивме да искинеме едно цело поглавје“, изјавил Брукс.
Пациент во лудница
Џексон го имал позајмено гласот во епизодата под името Stark Raving Dad, емитувана во третата сезона. Во неа ликот на Џексон Леон Комповски, го глуми пацентот во ментална болница, а неговиот цимер е Хомер Симпсон, ѕвездата на цртаниот. Ликот на Џексон во епизодата го пее големиот хит Billie Jean, и го одигрува месечевиот танц. Џексон подоцна се појавува во уште една епизода во која Лиса, ќерката на Хомер, му го честита роденденот.