Синди Крафорд заљубена по 20 години брак

Светскиот топ-модел Синди Крафорд неодамна прослави 20-годишнина од бракот со бизнисменот Ренди Гербер. Таа на Инстаграм објави фотографија од свадбата и се пофали дека со Ренди е заедно повеќе од две децении.

„Пред 20 години одевме вака на денот на свадбата. Ренди, не можев да одберам подобар човек од тебе. Те сакам“, напишала Синди под фотографијата.

Синди и Ренди се венчаа 1998 година. Ги имаат синот Пресли и ќерката Каја, кои исто како неа се занимаваат со манекенство.

Scroll to Top