Синот на Арнолд Шварценегер сака да изгледа како татко му, вежба модерен бодибилдинг

Синот на познатиот актер Арнолд Шварценегер често истанува колку е важно спортувањето и на социјалните мрежи покажува дека добро се грижи за одржување на фит формата на неговото тело.

dobivaj vesti na viber

Џозеф Баена(25) е вонбрачно дете на актерот, кое го имал со поранешна домаќинка.

Неговиот татко Арнолд изгледал како својот син на неговите помлади денови.

Покрај тоа што често е во теретана, Џозеф и танцува, а неодамна настапи и на американскиот „Танц со ѕвездите“.Тој во едно од интервјуата истакна дека во средно училиште го малтретирале поради вишок килограми, а сега е поборник за фитнес, здрава исхрана и воопшто грижата за животот.

Често се дружи со својот татко, а една од омилените активности им е возењето велосипед. За да му помогне со тренинзите, Шварценегер на својот син му дал примерок од „Енциклопедија за модерен бодибилдинг“, која многумина ја сметаат за Библијата од оваа спортска категорија.

Неговата мајка е поранешна куќна помошничка на поранешната гувернерка на Калифорнија, Милдред Баена, што на крајот доведе до разделба на Шварценегер и неговата сопруга Марија Шрајвер (67) со повеќе од дваесет години брак.

 

Scroll to Top