Синот на Борис Бекер е најпосакуван маж во Велика Британија

Светски познaтиот магазин „Tatler” го прогласи Елијас Бекер (22), синот на поранешниот германски тенисер Борис Бекер, за еден од најпосакуваните мажи во Велика Британија, пренесуваат странските медиуми.

„Мојот изглед не е нешто што сметав дека е единствено важно. Сепак, во пoследните пет години не ми беа потребни ничии комплименти за да знам како изгледам“, изјави тој.

Елијас истакна дека верува дека го добил признанието поради неговата харизма.

Тој неодамна откри дека неговите родители не морале никогаш да му кажат дека е згоден затоа што и самиот бил свесен за тоа, секогаш кога ќе се погледнел во огледало. Живее со нив во Лондон, веќе подолго време активно се занимава со моделинг. Студира режија, а го заинтересиран е и за актерството. Вели дека неговото тело се должи на напорното вежбање и активниот живот и вегетаријанскиот начин на исхрана.

Елијас вели дека се грижи и за својата духовна страна, па од дете ужива во медитација и јога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elias Becker (Lonkishu) (@e.current)

Неговиот татко, Борис, во едно интервју лани раскажа за расистичките инциденти кои ги доживуваат барем еднаш неделно неговите тројца синови.

„Не обрнувам внимание на тоа, баш поради тоа што се сакам таков каков што сум. Претходно тоа го прифаќав некако, но во тие години се развиваш, ја формираш својата личност и сфаќаш кој си и што си“, објасни тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elias Becker (Lonkishu) (@e.current)

Scroll to Top