Синот на Бритни Спирс ќе ги открие сите тајни на мајка му за да стане славен

Тринаесетгодишниот син на Бритни Спирс, тринаесетгодишниот Џејден Џејмс Федерлајн, вели дека ќе објави скриени детали за музичката кариера на неговата мајка, само за да стане популарен.

Џејден сака има голем број фанови на социјалните мрежи и не бира начин како да стигне до нив. Вели дека е подготвен да ги открие најголемите тајни на Бритни, само за да собере голем број на виртуелни фанови.

Што точно се случува со мојата мајка? Ќе ви раскажам цели приказна за неа кога 5000 луѓе ќе ме следат на „Инстаграм“. Како ќе станам популарен, така ќе откривам повеќе детали за Бритни“, вели Џејден.

Бритни Спирс пред четири години се врати на музичката сцена по долгата пауза. Таа го направи деветиот студиски албум Glory, но наводно размислува повторно да прекине со музичката кариера.

Џејден не знае дали Бритни ќе снима уште нови песни, но вели дека нема да работи ништо по турнејата. Тој вели дека бил изненаден од одлуката на мајка му да прекине со музиката, знаејќи колку заработува од истата.

 

 

Scroll to Top