Синот на Џони Деп и Ванеса Паради, Џон Кристофер Деп Трети, е тешко болен, пишуваат американските медиуми. Џон веќе неколку недели е во болница, а неговата мајка е постојано покрај него. Таа поради состојбата на синот не се појавила на премиерата на својот нов филм.
Ванеса и Деп ги избегнуваат прашањата на новинарите поврзани со здравствената состојба на шеснаесетгодишниот Џек. Паради се крие од новинарите кога оди и кога ја напушта болницата.
Француската пејачка и актерка беше во врска со холивудската ѕвезда од 1998 до 2012 година. Освен синот Џек, ја имаат и деветнаесетгодишната Лили Роуз Деп. Лили пред десетина години имала сериозни проблеми со бубрезите,
предизвикани од бактерија, но денес е здрава. Таа се занимава со манекенство и глума.