Синот на Ештон и Мила е фан на „Луди 70-ти“

Мила Кунис и Ештон Кучер се доказ дека вистинската љубов секогаш победува. Се запознаа кога беа тинејџери, ги глумеа Џеки и Келсо во серијата „Луди 70-ти“ и беа лудо вљубени еден во друг на филмското платно. Кога заврши снимањето на серијата секој тргна по својот пат, се венчаа со други луѓе, па се разведоа од нив. Во 2012 година ја почнаа својата вистинска љубовна приказна.

Ештон и Мила се венчаа во 2015 година, добија две деца и покажаа дека се супер кул родители кога го облекоа синот во маичка со ликовите на Џеки и Келсо. Ештон ја сподели фотографијата на својот инстаграм-профил и напиша „Да, тоа е мојот син“, а обожавателите „се стопија“ од љубов и тоа го искажаа преку слатките коментари што ги оставија под фотографијата.

Scroll to Top