Синот на Ричард Гир привлече внимание на црвениот тепих, насмеано позирајќи со својот татко

На премиерата на новата серија The Agency, 24-годишно момче се издвои меѓу многуте познати фаци во елегантен црн костум и бела кошула. Станува збор за Хомер Гир, синот на актерската двојка Ричард Гир и Кери Лоуел.

Ричард (75) насмеано им позираше на фотографите и го прегрна својот син, а двајцата се појавија во многу слични комбинации.

Хомер Гир се почесто се споменува од странските медиуми како уште еден припадник на генерацијата т.н. „непо бебе“. Инаку, непо бебе е термин кој се користи за деца на познати родители кои благодарение на семејните врски имаат полесен пристап до можности за кариера и успех.

Гир е татко на три сина. Хомер го имал со поранешната сопруга Кери Лоуел, додека две помали деца Александар (5) и Џејмс (4) се од бракот со 33 години помладата Алехандра Силва, кој има син Алберт (9) од претходниот брак.

Scroll to Top