Синот на Ричард Гир привлече внимание во Венеција

Хомер Гир, синот на познатиот актер Ричард Гир, се појави на филмскиот фестивал во Венеција и позираше со својот татко на црвениот тепих, а фотографиите ги воодушевија обожавателите.

74-годишниот актер насмеано им позираше на фотографите и го прегрна својот син, а двајцата се појавија во смокинг, а многумина забележаа како 24-годишниот Хомер го наследил изгледот, но и шармот на својот татко.

Да потсетиме, Гир е татко на три сина. Хомер го има со поранешната сопруга Кери Лоуел, додека две помали деца Александар (5), Џејмс (4) во бракот со 33 години помладата Алехандра Силва, која има син Алберт (9) од претходната брак.

Инаку, Хомер студирал когнитивна неврологија и визуелни уметности на Универзитетот Браун и почнал да глуми, но пишува и сценарија и режира филмови.

Scroll to Top