ФИФА вчеравечер го прогласи Кристијано Роналдо за најдобар фудбалер на светот за 2017 година, а тој на доделувањето на наградата дојде со синот Кристијано јуниор и свршеницата Георгина Родригез. Иако сите очи вечерта беа вперени кон Роналдо, неговиот син постојано гледаше кон фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.
Не е тајна дека Роналдо јуниор го обожава Меси, а тоа на медиумите им го откри Роналдо пред речиси две години. На доделувањето на наградите на ФИФА во Лондон на момчето, конечно, му се исполни желбата да го запознае најголемиот ривал на својот татко, а фотографите го овековечија моментот.