Синовите ми го кршат срцето оти не сакаат фудбал, се пожали Дејвид Бекам

Дејвид Бекам призна дека синовите му го скршиле срцето бидејќи не сакаат да играат фудбал додавајќи дека сите негови надежи сега лежат во шестгодишната ќерка Харпер.

„Харпер игра фудбал секој викенд и го сака. Синовите не играат и тоа ми го скрши срцето. Тие имаат талент, но сега сѐ останува на Харпер. Ентузијаст сум кога ја гледам. Пред некој ден едно момче ја удри на теренот и не знаев како да реагирам, додека други родители ме гледаа. Дали да се однесувам како амбасадор на УНИЦЕФ или, едноставно, како нејзин татко? На крајот, ништо не направив“, кажа Бекам во интервјуто за Би-би-си.

Харпер е најмалото, четврто дете на Бекамови, и единствена ќерка, и нејзиното средно име е Севн според бројката што Дејвид ја носеше во Манчестер јунајтед.

Од друга страна, најстариот син Бруклин се занимава со фотографија, а 15-годишниот Ромео игра тенис. Викторија Бекам неодамна постави видео на „Инстаграм“ покажувајќи го пејачкиот талент на третиот син Круз.

Scroll to Top