Синовите на Шакира не сакаат да ја викаат новата девојка на Пике по име

Децата на Шакира, Милан и Саша, не сакаат да ја викаат новата девојка на татко им Пике, Лара, по име. Тие за неа имаат специјален прекар, вработена на тато, пренесе шпнаскиот весник „Марка“.

Пике откако се раздели со Шакира, е во врска со студентката Клара Чиа Марти. Со пејачката се раздели по 12 години врска. По разделбата, Шакира направила договор со Пике, во кој децата не смееле да бидат во близина на Клара, па затоа фудбалерот минатиот викенд на свадбата на Тамара Фалко во Каталонија дојде само со децата без Клара.

Scroll to Top