Сите девојки на Нејмар

Нејмар дe Силва Сантос Јуниор, попознат како Нејмар, важи за еден од најдобрите фудбалери во светот. Бразилецот го усовршил својот талент како дете, играјќи уличен фудбал, додека на 15 години почна да заработува големи пари, а набрзо стана еден од најбараните и најплатените фудбалери. Освен многуте успеси кои ги има, Нејмар предизвика голем интерес кај жените, меѓу кои има и многу познати девојки.

Љубовниот живот на младиот Бразилец е многу возбудлив, а британски „Сан“ се занимаваше со неговите врски и авантури и направи список на девојки со кои фудбалерот се забавувал во изиминатите 10 години. На списокот на неговите девојки се најде и контроверзната Србинка, Сораја Вучелиќ, за која еднаш беше објавено дека имала краткотрајна врска со Бразилецот. Сепак, нивната наводна врска никогаш не беше официјално потврдена.

Каролина Дантас
Каролина е првата љубов на Нејмар и тие беа во врска во 2010 година, но по една година раскинаа. Сепак, парот доби син кој заедно го одгледуваат, а како што пренесуваат медиумите имаат одличен однос.

Барбара Еванс
По раскинувањето со Каролина, Нејмар наводно бил во врска со оваа манекенка. Сепак, тие не издржале повеќе од два месеци, а потоа Барбара станала популарна во Бразил.

Патрисија Џордан
Фудбалерот во 2013 година беше со манекенката која често ги краси насловните страници на Плејбој. Патриша дури даде изјава за Плејбој дека е во врска со фудбалерот, по што тој ги тужеше за реклама.

Бруна Маркезине
Тие беа златната двојка и беа заедно од 2012 до 2017 година. Се запознале на карневал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruna Marquezine (@brunamarquezine)

Лариса Оливеира
Оваа атрактивна девојка се најде во центарот на вниманието поради изјавите дека тајно се гледала со Нејмар додека тој бил со Бруна. Таа дури рече дека доаѓа во Барселона на неколку дена, а потоа имаа заеднички слики. Сепак, Нејмар рече дека тие се само пријатели.

Габриела Ленчи
Тие двајца наводно биле во врска во 2014 година, но никогаш не ја потврдиле врската. Сепак, се појавија фотографии кои докажуваат дека двајцата имале нешто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriella Lenzi (@gabriellalenzi)

Сораја Вучелиќ
Наводно, фудбалерот и српската старлета се запознале на Ибица во 2015 година, а Нејмар дури испратил авион до Сораја за да му се придружи во Барселона еден месец подоцна, пишува Телеграф.

Џени Андраде
Оваа атрактивна русокоса ја знаеме како убавицата на УФЦ која беше во врска со Нејмар во 2015 година. Таа дури двапати доаѓаше да ги гледа неговите натпревари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jhenny Andrade UFC Girl (@jhenny)

Наталија Барулих
Наталија Барулих, модел со хрватски корени, се гледаше со фудбалер во 2020 година и не ја криеја врската.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Barulich (@natalia_barulich_)

Scroll to Top