Скарлет Јохансон: Не си го сакам гласот кога глумам оргазам

Глумицата Скарлет Јохансон, во подкастот Armchair Expert, призна дека не си го сака гласот кога треба да глуми оргазам. Таа откри дека нејзиниот коелега, глумецот Хоакин Феникс, избегал од студиото кога го снимале за филмот Her, затоа што му паднало незгодно кога ја слушал.

„Се обидовме оддеднаш да ја снимиме целата сцена, но брзо се вознемири и го напушти студиото затоа што му требаше одмор“, рече Јохансон.

Во филмот Скарлет ја глуми Саманта, телефонска оперативка, како Сири, во која ќе се заљуби ликот на Феникс, Теодор. Во еден дел Саманта ќе доживее виртуелен оргазам, кој според Феникс бил громогласен. Му станало толку незгодно, што изегал од сетот и ги замолил другите за пауза.

„Мене ми беше добро, но, на Хоакин не. Беше вознемирен, си замина и остана сам во боксот. Му велев дека не можам сама и дека треба да се врати. Му требаше одмор па направи пауза, но потоа се врати“, рече Скарлет.

„Дефинитивно не сакаш да слушнеш како звучиш кога доживуваш оргазам, но, не сакаш ни да слушнеш како звучиш кога имаш лажен оргазам“, додаде глумицата.

За потсетување, Скарлет неодамна призна дека се чувствува хиперсексуализирано и категоризирано на почетокот на кариерата. Рече дека луѓето во филмската индустрија ја сметале за стара, што довело до тоа да не добива улоги кои ги сакала.

„Некако станав затворена. Чувствував како да не ги добивам понудите за работата кои сакав да ги добијам. Се сеќавам помислив дека луѓето веројатно мислат дека имам 40 години“, рече Скарлет и додаде дека ситуацијата денес е многу поповолна за помладите глумици.

„Сега ги гледам помладите во дваесетите и ми се чини дека им е дозволено да пробаат различни работи. Дојде ново време. Луѓето се многу подинамични сега“, рече Скарлет.

 

Scroll to Top