Некои познати личности освен што имаат талент за својата работа се способни и за многу други работи. Некои актери, музичари, модели, пред да станат славни, имале сосема поинаква професија, а некои и денес имаат интересни хобија.
Сузан Сарандон обожава да игра пинг-понг. Таа е дури и ко-сопственик на клубот SpiN во Њујорк.
Боб Дилан поседува специјален талент – моделира челикот, занает што го научил уште како мал.
Кристина Хендрикс знае да свири на хармоника. Таа вели дека хармониката е романтичен инструмент.
Колин Фарел знае одлично да игра ирски народни танци. Тој ги играл за да заработи за живот додека живеел во Даблин.
Џина Дејвис е вешта во стрелаштво. Актерката била полуфиналист во американскиот олимписки тим за стрелаштво во 1998 година.
Брус Вилис кариерата ја започнал свирејќи на усна хармоника во бендот Loose Goose. Тој понекогаш оди на турнеи со бендот The Accelators.
Харисон Форд знае да управува и со авиони и со хеликоптери.